1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Официјален старт на кампањата

Александар Чомовски11 мај 2008

Изборната кампања почна денеска (11.05.2008) и ќе трае до 30 мај. Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите имаат 20 дена за претставување на своите програми пред избирачите.

https://p.dw.com/p/Dy2g
Коалицијата за европска Македонија „Сонце“ ги промовираше кандидатите за пратенициФотографија: MIA

Минатата недела, 30 политички партии потпишаа Кодекс на однесување на парламентарните избори, со цел изборите да бидат фер и демократски. Според досегашните најави, изборите ќе ги набљудуваат 270 претставници на ОБСЕ и околу 3 500 на граѓанската асоцијација МОСТ.