1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пабло Пикасо - најскап уметник во светот

7 мај 2004

Пабло Пикасо стана најскап уметник во светот. Неговата слика “Момче со луле” во средата, во њујоршктата аукциска куќа „Сотби” ги надмина сите суперлативи и достигна цена од 104 милиони долари, што претставува рекорд во историјата на сликарството. Со оваа сума на пари без проблеми би можело да се изгради и зграда, но за ова секако дека има малку рационални објаснувања.

https://p.dw.com/p/AeVj

Некои експерти шпекулираат дали класичната модерна или импресионизмот ќе важат како фаворити на меѓународниот уметнички пазар. „Момче до луле“ на Пабло Пикасо го надмина досегашниот број еден, “Портрет на доктор Гашет” на Винсент Ван Гог, за 20 милиони долари. Со рекордната доплата за “ Момче со луле” , сега четири слики на Пикасо се наоѓаат на листата на десетте најскапи дела, Ван Гог е застапен само со “три” негови дела.

Борбата со наддавање траеше 7 минути, пред анонимниот нов сопственик да ја предложи цената и пред Германецот Тобијас Маер, шеф на меѓународниот оддел за имперсионизам и класична модерна во “Сотби”, не удри за последен пат со чеканот. Во салата полна со повеќе од 1000 заинтересирани и љубопитни луѓе се слушна бурно ракоплескање.

Сликата е голема еден метар на осумдесет сантиметри и создадена е во 1905 година, кога Пикасо имаше само 24 години. На неа е насликано едно младо момче со луле во раката пред розово – црвен ѕид на кој има насликано и цветови. Чарлс Мофет , ко – директор за модерна уметност на “Сотби” смета дека без сомнение станува збор за едно од најважните рани дела на Пабло Пикасо.

Добрите познавачи на уметничките кругови не се многу изненадни, Пикасо секогаш достигнува вискоки цени, вели Петер Рауе, претседтаел на кругот на новата национална галерија во Берлин. Биографот на Пикасо, Џон Ричардсон смета дека сликата е “ убава, пријатна, поетична и лирична” но не е една од неговите 20 Пикасо – фаворити.

“Момче со луле” од една страна е модерна слика на еден голем авангардист но истовремено ги има сите живописни и психолошки квалитети на дело од 19 век. За некои можеби е необично што токму ова дело ја достигна рекордната вредност, но сепак постои објаснување, зошто токму едено дело од раниот период на Пикасо воопшто го достигна летот: Пикасо е сликар на 20 век а “ Момче со луле“ , потекнува од неговиот ран периодот кога тој и многу малку твореше: Пазарот за младиот Пикасо е особено ограничен и мал, но и скап.