1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Падот на цената на нафтата може да ја ублажи рецесијата?

24 ноември 2008

Цената на нафтата во последниов период значително опадна. Но, сегашната ниска цена на црното злато сепак може да има позитивно влијание.

https://p.dw.com/p/G1G9
До пред само шест месеци цените на бензинот беа рекордно високиФотографија: AP

Падот на цената на нафтата го влоши растот, но не го спречи. Напротив работите одат во друга насока. Намалувањето на цената е исто како да се намалени даноците, односно како конјуктурна програма со која на контатата на потрошувачите и претприемачите, пристигаат повеќе пари, но со која нема да се запре натамошно опаѓање на конјуктурата. Додуша, процесот на запаѓање во рецесија во меѓувреме самиот се забрза. За претприемачите е радосна вест тоа што цената на нафтата во меѓувреме падна на 50 долари за барел, односно на една третина од рекордното ниво кое го достигна во текот на летото. Ако конјуктурата и понатаму оди по надолна линија, ќе паѓа и цената на нафтата. Полните танкери со намалена брзина пловат по светските мориња или се укотвени во пристаништата бидејќи нема купувачи. Тоа пак дополнително влијае врз намалување на цената.

Börse in New York - Ölpreise auf Talfahrt
Цените на нафтата на берзите бележат константен падФотографија: picture-alliance/dpa

Добра вест за потрошувачите и претприемачите

За потрошувачите е добредојдено тоа што функционира принципот на конкурентност, што пак води кон намалување на цените на бензините и нафтата за домаќинство. Возачите на автомобили во споредба со летниот период, сега во просек штедат по 20 евра за резервоар од 50 литри бензин, или 15 евра за истата количина дизел. Значајно опадна и цената на нафтата за домаќинство. Оние коишто, летоска или есеноска наполнија помалку нафта за греење и стравуваа од тоа како ќе ја поминат зимата, сега ќе заштедат. Позитивно за потрошувачите и конјуктурата се и најавите дека на подолг рок се очекува да паѓа и цената на гасот. Големите енергетски концерни најавија дека тоа ќе се случи на почетокот на следната година. Дури е можно, намалувањето да биде од најавените четири до седум проценти. Доколку е потребно, работите во свои раце ќе треба да ги преземе монополската управа. Едно мора да се спречи: заработувачката од падот на цената да остане во касите на енергетските концерни.

Symbolbild Preis für Öl steigt auf neue Rekordhöhe
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Се работи за многу пари

Со падот на цените на бензинот, дизелот и нафтата за домаќинствата, потрошувачите и претприемачите, за периодот од летоска до крајот на годинава ќе бидат растоварени за повеќе од десет милијарди евра. И во случај цените на суровата нафта да не паѓаат понатаму, но да има пад кај цената на гасот и останатите енергенси - растоварувањето за следната година се проценува на околу дваесет милијарди евра. Ова ќе има многу поголемо позитивното влијание за стопанството и потрошувачите во споредба со сите мерки кои досега германската влада за поддршка на конјуктурата. Се разбира има и друга страна на медалот. Поради тоа што земјите потрошувачи имаат помали издатоци за увозот на енергенси, помалку заработуваат и земјите лиферанти. Тоа на подолг рок може да се одрази и врз германскиот извоз. Освен тоа увозниците на енергенси ќе се обидат, на пример, преку ограничување на побарувачката на сурова нафта да го запрат падот на цената на црното злато.