1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Пазарење“ со Грција во ЕУ на товар на Македонија ?!

25 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bwa9

Белградската агенција Бета, повикувајќи се на дипломатски кругови во Берлин, пренесува дека наводно на Грција, која е против независност на Косово, земјите-членки на ЕУ и НАТО и’ ставиле на знаење дека за возврат за промена на ставот, не би и’ се противеле со вето да ја блокира евроатлантската интеграција на Македонија.

Во Берлин и натаму се шпекулира околу тоа дали признавањето на независно Косово од страна на Германија е веќе договорена работа, и покрај изјавите на официјални владини претставници дека такво решение не е донесено. Во интернет-изданието на весникот „Ди велт“ се вели дека Германија и Шпанија им се придружиле на земјите на ЕУ кои се за признавање на независност на Косово и оти наводно 25 од 27 земји на Унијата се подготвени на таков чекор.