1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пазарот на нафта останува стабилен

Михаел Браун10 јануари 2007

Додека во Германија се заострува политичката дебата околу енергетското снабдување,купувачите и продавачите на пазарите на нафтата реагираат опуштено.

https://p.dw.com/p/AeJj
Фотографија: AP

Од понеделникот е блокирана испораката за Европа преку најважниот нафтовод од Русија.Тоа ги погодува Германија,Полска и Украина.Германија од 3 илјади долгиот нафтовод со име Дружба покрива една петтина од својот годишен увоз.Русија и Белорусија меѓусебно се обвинуваат за одговорноста за блокадата.Германската влада апелираше до двете да ги исполнат обврските.

Додека во Германија се заострува политичката дебата околу енергетското снабдување,купувачите и продавачите на пазарите на нафтата реагираат опуштено.

Вчера барел нафта од видот Западен Тексас интермедиет чинеше 55,63 долари.Со тоа се приближи кон својата најниска вредност од падот во 18 месеци кон крајот на минатата недела,кога чинеше 55 долари.Пазарите реагираат значи сосема опуштено на она што се случува со нафтоводот Дружба.

За тоа постојат одредени причини.Топлото време не само во Европа,туку и во Америка,влијае врз понудата и со тоа и врз цената.

Притоа резервоарите на семејствата се добро наполнети,зашто потрошувачите ги искористија пониските цени кои владеат од август.И рафинериите по правило имаат резреви за две до три недели.Ако ги немаа,ќе мораше брзо да ги исклучат погоните.

Тогаш оладениот битумен би ги уништил цевките.Карл Хајнц Шулт Борнеман од Ексон Мобил во блокираниот нафтовод не гледа опасност за рафинериските капацитети во Германија:

-Сега мора да се знае дека рагфинериите кои не можат толку брзо да се вклучуваат и исклучуваат како некој автомобил или сијалица,секогаш чуваат резерви за неколку недели за да одбегнат опасност од немање дотур на нафта.

Пазарите на нафта се сеќаваат на спорт околу гасот со Украина пред една година.Сега не дозволувам еда не зафати паника,вели Сандра Ебнер,експерт за енергија од банката Дека.Таа укажува на тоа дека Русија е најголемиот извозник на гас во светот и втор на нафта,а приходите и се потребни за развој на енергетската индустрија,за стопанството воопшто и на инфраструктурата на земјата:

-Русија се разбира нема интерес да ги уништи комплетните односи со западот.На Русија и се важни транспортните капацитети,нафтоводите и гасоводите.Освен тоа,сака да изврши и притисок врз некои од соседите,но не сака ескалација.

Суштината на спорот меѓу Русија и Белорусија се чини е борба за цената:Русија не сака да и продава гас и нафта на Белорусија по цена која е петтина од онаа на свестките пазари.Со тоа би се откажала од четири до пет милијарди долари.Доколку плаќа по новите цени,белоруската економија пак би била преоптоварена.Но,сигурно е ,вели портпаролот на Ексон Мобил,Шулт Борнеман,дека никој нема корист од блокадата:

-Двете страни заработуваат само тогаш ако работата тече.Тоа значи,руската страна заработува само ако нафтата вистински стигнува до купувачите,исто како и гасот.А земјите низ кои се врши транзитот заработуваат само ако низ нафтоводот тече нафта,ако тој е празен,никој не добива ништо.

Актуелната стабилна цена на нафтата не мора да се задржи.И ако повторно проработи нафтоводот Дружба,цените би можеле да растат.Зашто,нафтата е носител на енергијата,тоа е јасно,смета Сандра Ебнер:

-Пазарот е едноставно и натаму вистински затегнат,што го прави посебно чувствителен за шоковите.

Кога в лето повторно ќе се појави стравот од урагани,нервозата може повторно да порасне.