1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан исклучен од Комонвелтот

23 ноември 2007
https://p.dw.com/p/CSBz

Организацијата на Комонвелтот го исклучи Пакистан од членство поради задржувањето на вонредната состојба во земјата.

Комитетот на министрите за надворешни работи одлучи исклучувањето да важи се додека во Пакистан не се воспостави повторно демократијата,соопшти генералниот секретар на Комонвелтот Дон Мек Кинон во Кампала.Во главниот град на Уганда денеска инаку започнува самит на организацијата, на која и припаѓаат 53 држави,главно поранешни британски колонии.Пакистан не го испочитува рокот на Комонвелтот за укинување на вонредната состојба,кој важеше до вчера.Претходно,највисокиот суд во Исламабад го одби шестиот и последен приговор против повторниот избор на Первез Мушараф за претседател на Пакистан.