1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан – терор

4 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BbCQ

При два бомбашки напади во пакистанскиот град Равалпинди убиени се најмалку 20 лица. Експлозиите се случија кусо една по друга во различни делови на градот. Првата погоди автобус во кој се возеле вработени на Министерството за одбрана, при што животот го загубија 15, а беа повредени преку 70 лица. Втората беше активирана на еден пазар во Равалпинди, при што загинаа пет лица.

Од насилното расчистување на забарикадираните исламисти во Црвената џамија во Исламабад во јули годинава, радикалните исламски сили вршат речиси секојдневни напади врз постројките на пакистанската армија.