1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците ја слават одлуката на УНЕСКО за Витлеем

Симе Недевски/АМ/афп/дпа/мф30 јуни 2012

И покрај отпорот на Израел, УНЕСКО ја стави Црквата на Христовото раѓање во Витлеем, на палестинските автономни територии, на листата на светско културно наследство. Контроверзите меѓутоа останувааат.

https://p.dw.com/p/15OXf
Фотографија: dapd

Црквата на Христовото раѓање и Патеката на аџиите во Вилеем изненадувачки се признати како светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Комитетот за светско културно наследство на оваа организација на ОН за промовирање на културата вчера во рускиот град Санкт Петербург со мнозинство го прифати итното барање на палестинските автономни власти за прифаќање на двете знаменитости на прочуената листа на уникатни богатства на човештвото. Витлеем се наоѓа на палестинските автономни територии на Западниот брег кои формално се под израелска окупација. Титулата светско културно наследство за Палестинците важи за натамоѓен триумф на нивните стремежи за независност. Тие говорат за „историски ден за праведноста“ , изјави еден од водечките претставници на Палестинската ослободителна организација ПЛО , Ханан Ашрави во Рамала.

Базиликата Христово рождество според преданијата е изградена врз пештарата во која бил роден Исус Христос. Израелските претставници протестирале против донесената одлука. „Таа одлука има исклучиво политички карактер и од наш аспект претставува остро кршење на конвенцијата за културното наследство и наштетува на нејзиниот углед“, изјавил израелскиот претставник.

Flash-Galerie Geburtskirche in Bethlehem
Фотографија: picture alliance / dpa

Експертите на УНЕСКО инаку не дадоа препорака за барањето на Палестинците и се изјаснија за вообичаената наместо забрзана постапка за одлучување. Сепак за запишувањето на оваа многу важна базилика за христијанскиот свет, како и Патеката на аџиите на листата на светското наследство се изјаснија 13 од 21 член на Комитетот за културно наследство, шест биле против, а два члена се воздржале од гласањето.

Ставањето на знаменитостите во Витлеем на листата на светско културно наслетство има посебна димензија. Имено Палестинците само пред неполна година и покрај силниот отпор на Израел и САД беа примени како полноправна членка во Организацијата на ОН за образование, наука и култура -УНЕСКО. Тоа е е прво членство на палестинските автономни области во една толку важна организација на ОН.