1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паметна крстосница

Кристијан Велфел/ Александра Трајковска 2 декември 2013

Таа е опремена со најмодерна техника - ласери и камери со висока резолуција. Целта е да се обезбеди поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Дали крстосницата во Ашафенбург е прототип за иднината?

https://p.dw.com/p/1AOiA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ова е најинтелигентната крстосница во Европа. Опремена со најмодерна техника - таа се наоѓа во Ашафенбург во Баварија.

Крстосницата пред сѐ ги штити пешаците и велосипедистите од автомобилите. Камери со висока резолуција и со сензори и ласерска техника комуницираат со возилата, на време му сигнализират на возачот дека се заканува опасност. Досега меѓутоа само со тест автомобилите. Оваа крстосница на иднината чинеше 25 милиони евра. Проект на универзитетот Ашафенбург и претпријатија од автомобилската бранша.

Целта е да се постигне и пешаците самите да можат да испраќаат сигнал, тогаш автомобилот самиот ќе закочи.

Aschaffenburg Einkaufszone
Во Ашафенбург се вршат тестови за поголема безбедност на улицитеФотографија: DW

„Голем број ситуации во кои се настрадани пешаци или велосипедисти се едноставно непрегледни ситуации, кога пешакот предоцна доаѓа во видното поле, лошо може да биде виден и затоа велиме: ако можеме да им поделиме транспондери на учесниците во сообраќајот, можеме попрецизно да ги лоцираме и да ги заштитиме“, вели Штефан Цеха од Континентал центарот за безбедност во сообраќајот.

На автомобилот апаратите речиси не можат да се видат. За пешаци засега има само вакви прототипови вели Цека: „Овој транспондер би можел да зафаќа само мал дел од волуменот, што го има еден мобилен телефон. Така може да се замисли транспондерите во иднина да бидат интегрирани во мобилниот телефон и на тој начин пешакот да биде зааштитен на индиректен начин.“

Овие системи сѐ уште не се во стадиум за пласман на пазарот. Ќе бидат потребни уште десет до 15 години, проценуваат експертите. А со автоматското кочење визијата ни од далеку не е до крај.

„Сакаме да постигнеме да може да се вози делумно, високо автоматски и кога ќе постојат правни рамки за тоа, да се добие дозвола за читање на весник, пишување на мејлови, телефонирање и разговор со соседите. За тоа се разбира техниката мора да биде безбедна“, истакнува Гералд Хајман, проект менаџер.

Најмодерната крстосница на Европа е отворена од средината на септември. Оттогаш вредно се вршат тестови дали еден ваков сообраќаен систем може да стане серија.