Пандев ја обвини ФИФА за малверзација со неговиот глас
21 март 2013Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ја обвини ФИФА дека при изборот на најдобар тренер за 2012 година, неговиот глас даден за Жозе Мурињо го вброила кај победникот на гласањето Висенте дел Боске.
Пандев го поддржа тврдењето на Мурињо дека не е регуларен изборот. „Како капитен на Македонија гласав за Мурињо и знам дека некои чудни работи се случија при броењето на гласовите. Според ФИФА мојот глас е регистриран за Дел Боске, а јас гласав за Мурињо. Ги побарав да им го кажам тоа, но остана на тоа. И Мурињо е свесен дека нешто чудно се случи, но ништо не може да смениме“, ја пренесуваат шпанските медиуми изјавата на Пандев.
Изјавата на македонскиот капитен доби голем публицитет и кај италијанската спортска јавност и сега останува да се види реакцијата на ФИФА.