1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Панета: Сите опции за Иран се на маса

30 јануари 2012

Министерот за одбрана на САД Леон Панета, одговарајќи на прашање за можна интервенција во Иран, предупреди дека Иран може да развие нуклеарно оружје во следните 12 месеци и рече дека сите опции се на маса.

https://p.dw.com/p/13snr
Министерот за одбрана на САД Леон ПанетаФотографија: Reuters

Панета гостуваше во емисијата „60 минути вести“, во која потсети дека црвената линија за САД и претседателот Обама, која Иран не смее да ја премине, е производството на нуклеарно оружје.

„САД и претседателот Обама разјаснија дека не сакаат Иран да развие нуклеарно оружје. Тоа е црвена линија за нас и тоа очигледно е црвена линија и за Израелците и тука делиме иста цел“, рече Панета во интервјуто за Си-Би-Ес.

USA gegen Iran
Фотографија: Fotolia/le0nmd

Панета рече дека САД „ќе ги преземат сите неопходни чекори“ за да го запрат Иран, ако се добијат разузнавачки информации дека таа земја работи на развојот на нуклеарно оружје. Тој беше прашан и дали тие чекори вклучуваат воени операции, на што Панета одговори дека „нема опции што не се на маса“.

„Постои консензус дека ако одлучат да направат бомба, тогаш веројатно би им требало една година да ја произведат и уште веројатно една или две години да ја стават во возило што ќе ја испорача“, рече Панета во интервјуто.

Автор: Александар Методијев /СН/дпа/миа

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска