1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Панкот не е мртов“ награден од публиката во Софија

18 март 2012

Македонскиот „Панкот не е мртов“ најмногу им се допадна на гледачите на Меѓународниот филмски фестивал во Софија. Ова е десетта престижна награда за делото на режисерот Владимир Блажевски.

https://p.dw.com/p/14MOz
Фотографија: Fotolia/fergregory

Mакедонскиот филм „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски ја освои наградата од публика на 16-иот Меѓународен филмски фестивал во Софија.

Филмот беше прикажан во Балканската конкуренција. На фестивалот во Софија, којшто завршува вечерва, беа прикажани 260 филмови од 52 држави.

Ова е десетта награда на „Панкот не мртов“. Минатата недела тој беше награден и на меѓународниот фестивал „Синема мунди“ во Карлови Вари, Чешка.

На Владимир Блажевски ова му е трет игран филм, по „Хај Фај“ во 1987 и „Булевар на револуцијата“ во 1992.

Автор:СН/АМ/миа/макфакс

Редактор: Александар Методијев