1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пападимос: Грција стои на „Граунд Зиро“

12 февруари 2012

Пред гласањето во грчкиот Парламент премиерот Папапдимос повторно се заложи за спорниот пакет за штедење. Државен банкрот би водел во „катастрофална авантура“, предупреди премиерот.

https://p.dw.com/p/1428a
Фотографија: Reuters

„Се наоѓаме на чекор до Граунд Зиро“ изјави грчкиот премиер Лукас Пападимос во говорот кој синоќа беше пренесуван од грчката дражвна телевизија. Евентуален банкрот би довел до неконтролиран хаос и социјална експлозија, изјави премиерот. Грците ќе ги загубат заштедите, а државата нема да може да ги исплаќа платите и пензиите, изјави Пападимос.

Програмата за штедење и реформи содржи правила кои Грците „многу порано и самите требаше да ги усвојат“. Истовремено Пападимос призна дека мерките се многу строги и претставуваат „болни жртви за Грците“.

Symbolbild Euro
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во моментов во грчкиот парламент почна, барем засега, последниот чин во внатрешно-политичката драма околу пакетот за штедење. Вчера пратениците заседаваа во комисии. Притоа шефовите на политичките партии, кои се дел од владината коалиција, ги уверуваа пратениците во пакетот за штедење.

Шефот на ПАСОК, Јоргос Папандреу зборуваше за „Војна за Грција“, која сега би морала да биде добиена. Антонис Смарас од конзервативната Неа Демократија предупреди: „Земјата мора и натаму да постои и да може да стои на сопствени нозе“. Меѓутоа, десно популистичката Лаос веќе најави дека владата по ова прашање нема да добие поддршка од пратениците на оваа партија.

Во пленумот најверојатно ќе се гласа во текот на ноќта. Согласноста на парламентот е предуслов за вториот меѓународен пакет помош од ЕУ и ММФ во износ од 130 милијарди евра. Доколку наскоро не добие помош, Грција на крајот на март ќе се соочи со банкрот.

Автор: АТ/ АМ/ дпа/ ртр/ афп/ дапд/ дв

Редактор: Александар Методијев