1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пападимос предупредува од банкрот

5 јануари 2012

Грчкиот премиер Лукас Пападимос ги повика синдикатите во земјата да го прифатат осигурувањето на наредната кредитна транша од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд како и натамошни кратења на платите.

https://p.dw.com/p/13eZy
Лукас ПападимосФотографија: dapd

Без согласноста на т.н Тројка кредитори за исплата на наредната рата помош, на Грција во март и‘ се заканува државен банкрот, рече Пападимос на средбата во Атина со претставници на вработените и работодавачите. Синдикатите целосно го отфрлија неговото барање. Тие сметаат дека работниците и пензионерите и досега се несразмерно силно оптоварени од кризата, и затоа нема простор за натамошни кратења. Наредната посета на Тројката, односно на експерти од ЕУ, ММФ и од Европската централна банка на Грција следува на средината од месецов. Од нивната оценка за грчките мерки за штедење зависи исплатата на т.н „супертранша“ помош во висина од 89 милијарди евра.

Автор: СН/ ЕМФ /дпа/ дапд

Редактор: Александра Трајковска