1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата бара нови мировни преговори за Блискиот исток

9 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/ApyS

Папата Бенедикт 16-ти на средба со американскиот претседател Џорџ Буш побара нови преговори во блискоисточниот конфликт. Буш во Рим го информира поглаварот на Католичката црква за резултатите од самитот на Г8 во Хајлигендам и го уверуваше дека ќе биде реализирана на самитот ветената помош за сиромашните и болните во Африка.

Наредна станица на турнејата на Буш е Албанија, каде ќе се состане со премиероте на земјите од Јадранската повелба – Албанија, Македонија и Хрватска, а потоа ќе оди и во Бугарија.