1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Бенедикт 16 во Вашингтон

17 април 2008

За време на посетата на Соединетите Американски Држави, Папата повика во политиката да доминираат моралните вредности. „Демократијата без вредности може да ја загуби сопствената душа„, изјави тој вчера во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/DjNZ
Папата во придружба на претседателот Буш им отпоздравува на присутните на приемот пред Белата куќаФотографија: picture-alliance / dpa

Ватиканската химна, 21 почесен истрел следени од американската химна: така беше пречекан Папата на тревникот пред Белата куќа во Вашингтон. Освен тоа, со гласен поздрав: среќен роденден. Токму на негивот 81 роденден, Папата Бенедикт 16 ја посети Белата куќа, што е одвај втора посета на еден Папа во седиштето на владата на американскиот претседател. Обата настана беа повод пречекот на Папата да се подготвува со месеци. Повеќе од 10 илајди гости присуствуваа на најголемата церемонија во историјата на Белата Куќа. А, претседателот Џорџ Буш беше видливо горд:

„Родендените се слават традиционално со најблиските пријатели. Затоа целаста наша нација е одушевена што Вие годинава решивте овој посебен ден да го славите со нас. Ви посакуваме многу здравје и среќа денеска и за наредните многу години„.

Папата очигледно беше опуштен и во добро расположение на приемот во негова чест. Му заблагодари на претседателот за поканата и им оддаде признание на САД за нивната улога во светот, фалејќи го верувањето на Американците:

„Сигурен сум дека американскиот народ во неговите верски убедувања ќе најде вреден извор на сознанија и инспирација, за да води разумни, одговорни и респективни дијалози и да изгради човечно и слободно општество„.

Што точно разговараа претседателот и Папата зад затворена врата не знае никој. Вистински критички политички разговори од средбата всушност не се очекуваа, дури и ако Папата жестоко беше против ирачката војна, сега повеќе гледаше напред и посака брз и мирен развој во Ирак. Претседателот Буш го цени Папата како сојузник против тероризмот во светот:

„Во свет во кои некои Бог го користат за да ги оправдаат терористичките акти, нам ни треба вашата порака дека Бог е љубов. Прифаќањето на таа љубов е најсигурниот пат да се спречи луѓето да станат плен на фанатизмот и тероризмот„.

Папата го искористи големиот прием во градината на Белата куќа и за тоа на САД да им препорача повеќе дипломатија и искажа надеж во неговиот говор пред Обединетите нации во петок во Њујорк:

„На 60 годишнината од Декларацијата за човековите права солидарноста во светот е попотребна од кога и да е за сите луѓе да можат да живеат во достоинство како браќа и сестри. Во истиот дом и на истата маса што Господ ги содаде за сите негови деца„.