1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата на миса во затвор

ЖА/дв/дпа28 март 2013

Патата Франциско денеска на Велики четврток ќе одржи традиционална миса. За разлика од неговите претходници, поглаварот на Римокатоличката црква мисата ќе ја одржи во затвор за млади.

https://p.dw.com/p/185Nh
Фотографија: Reuters

Папата Франциско ги започнува предвелигденските црковни свечености со одржување миса, на која на дванаесет затвореници од различна националност и верска припадност ќе им ги измие нозете. Папата ќе има и средба со вкупно 150 затвореници во спортската сала на римскиот казнен дом.

Уште како надбискуп на аргентинскиот главен град Буенос Аирес Франциско секоја година одржувал божја служба во затвор, болница или дом за бездомниците. Ритуалното миење на нозете како дел од мисата притоа потсетува на Исус од Назарет, кој според библијата ова го практикувал со своите следбеници како знак на љубов и покорност.

Папата Франциско со тоа ја прекинува традицијата на своите претходници, кои досега мисата ја служеа во Римската бискупска црква во Латеран.

Претходниот папа, Бенедикт Шеснаесетти, на мисата редовно им ги миеше нозете на дванаесет свештеници.

В недела, кога католиците го прославуваат Велигден, денот на Исусовото воскреснување, папата Франциско ќе ја испрати својата прва велигденска порака „Орби ет орби“.