1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата повика на мир и праведност во светот

25 декември 2010

Папата Бенедикт Шеснаесетти во денешната божиќна порака се заложи за обновување на мирот на Блискиот Исток и ги повика католиците во Ирак и Кина да им се спротивстават на протерувањата.

https://p.dw.com/p/zpdy
Папата го даде благословот Урби ет орбиФотографија: AP

Во традиционалната порака „Урби ет орби“ (На градот и светот) папата истакна дека божиќната порака за мир и надеж секогаш е нова, изненадувачка и храбра и треба секого да поттикне во мирната борба за правда. Обраќајќи им се од балконот на Базиликата на Свети Петар на илјадниците верници, папата ја прочита божиќната порака на 65 јазици

„Нека светлоста на Божик засвети понатаму, обновена во Земјата каде е роден Исус и нека ги поттикне Израелците и Палестинците да тежнеат кон праведна и мирна коегзистенција“, истакна папата Бенедикт Шеснаесетти.

Тој изрази надеж дека Божик ќе им донесе утеха на христијаните во Ирак и на целиот Блиски Исток, каде Ватикан стравува дека екстремистичките напади, како оној врз црквата во Багдад во октомври каде загинаа 52 лица, потикнуваат егзодус на христијаните во регионот.

Папата во пораката директно ја критикуваше Кина, каде неодамна католиците лојални на него биле присилени да присуствуваат на настаните во организација на црквата која ја поддржува државата, а која не го признава неговиот авторитет.

Полицијата во Ватикан и Рим била ставена во висок степен на готовност, откако пред два дена пакет-бомби експлодираа во амбасадите на Швајцарија и на Чиле во главниот италијански град.

Автор: АТ/миа

Редактор: Борис Георгиевски