1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата пристигна во Турција

Исмет Кочан28 ноември 2006

Бенедикт 16 се сретна накратко со турскиот премиер Ердоан на аеродромот во Анкара

https://p.dw.com/p/Ac1M
Папата и Ердоан
Папата и ЕрдоанФотографија: AP

Со големи мерки на безбедност во кои во Анкара учествуваа 3,5 илјади,а во Истанбул 12 илјади полицајци,во Турција денеска во четиридневна посета допатува поглаварот на Римокатоличката црква Бенедикт 16.Неколку дена пред посетата на папата се одржаа големи протести на исламистите,на кои му порачаа дека не е добредојден во Турција заради неговите неговите изјави за „насилничката суштина на исламската религија“ и неговото изјаснување дека е против членство на Турција во ЕУ.Истите изјави беа причина за студен дочек на папата во Анкара,бидејќи турскиот премиер најави дека во тоа време ќе се најде на самитот на НАТО во Рига.Сепак,Ердоган се одлучи да ги прекине шпекулациите дека го одбегнува папата,па денес дојде до нивна куса средба на аеродромот во Анкара,на која тој на високиот гостин од Ватикан му посака добредојде и изрази надеж дека неговата посета на Турција ќе придонесе за подобро меѓусебно разбирање и надминување на недоразбирањата со исламскиот свет.Тие се претпоставува дека беа причина за забележително резервиран дочек во Анкара.Освен со претседателот Сезер,папата во Амкара има средби со периферни турски претставници,а од исти причини му беше приреден и дочек од втор ред,бидејќи на церемонијата во претседателската резиденција немаше топовски салви за добредојде ниту покана за спиење и свечена вечера во претседателската резиденција.По програмата во Анкара папата Бенедикт 16 утре патува за Измир каде кај Ефес ќе го посети домот на Света Марија.Вечерта папата треба да стигне во Истанбул,каде два дена ќе биде гостин на Цариградскиот патријарх Вартоломеј и каде ќе учествува на прославата на Свети Андреја.На средбите со Вартоломеј се очекува да стане збор за продолжување на дијалогот и помирувањето на Источната и Западната црква,што е најавено уште во инуагуративниот говор при неговото прогласување за нов папа.