1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папуљас:“Во Грција не постои славофонско малцинство“

Тони Гламчевски18 мај 2006

Прес конференција на грчкиот претседател, Каролос Папуљас во Стразбур

https://p.dw.com/p/Ade4
Грција го поздравува ширењето на ЕУ
Грција го поздравува ширењето на ЕУ

По свеченото обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, претседателот на Грција Каролос Папуљас, на конферецнијата за печатот, го прашавме што мисли за барањата на партијата Виножито, која минатата недела во ЕП во Брисел истакна парола за укинување на апартхејдот во Грција, заради дискриминаторската политика против македонското малцинство, на што Папуљас ни одговори :

- Сакам да ви кажам, долго време бев министер за надворешни работи и колку што јас знам не постои славофонско малцинство во Грција, има само муслиманско малцинство кое ги ужива сите права како и остатокот од населението.

На нашето прашање, дали проблемот со името на Република Македонија, може да биде пречка на нејзиното приближување кон Европската Унија, претседателот на Грција нe одговори директно:

- Потребно е да се подвлече, дека Грција и дава искрена подршка на ПЈРМ во нејзините напори за членство во ЕУ. Ви велам, пред новинарите, таа земја нема поискрен пријател од Грција. Ние ја охрабруваме да напредува иу за да изнајдеме решение за последниот постоечки проблем – името. Тоа е во инетерсм како на таам така и на нашата земја.

И воопшто земено, Грција го поддржува проширувањето на Европската Унија, иако тоа предизвика вистински шок во Европа. Но цената на „непроширувањето“ ќе беше многу повисока од проширувањето, нагласи тој при свеченото обраќање во Европскиот парламент.

Проширувањето, според Папуљас, имаше историска и морална димензија, со приемот на земјите од Централна и Источна Европа, со што му се стави крај на поделбата на „Стариот континент“. Приемот на Бугарија и Романија е со голема важност, исто како и во идната фаза кога ќе бидат исполнети условите за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан. Затоа Грција го поздравува проширувањето кон Југо-Источна Европа, стратегија за која Грција се залагаше меѓу првите, исто како и за интерграцијата на Турција, но со прифаќање на принципите и правилата на Европската Унија.

-Кредибилноста на ЕУ, треба да биде првата грижа на ЕУ. ЕУ е голема сила, која не може да се враќа наназад. Таа не може да не ги почитува своите зборови и ветувања за Бугарија и Романија. Ние предвидовме рокови за прием. Мислам дека ЕУ треба да остане на својата прва одлука. Романците и Бугарите треба да се поправат по некои прашања, но не може да се враќаме назад, откако им ветивме дека од 1 јануари 2007 година ќе бидат членки на Унијата, заврши претседателот на Грција.