1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парите и жените

22 декември 2004

За жените темата пари е наводно непријатна. Барем така произлегува од една студија направена по налог на Комерц банк: околу една четвртина од жените воопшто не сакаат да се соочат со темата пари.

https://p.dw.com/p/AePh

Секоја петта жена се чувствуав “преоптоварена“ кога не дневен ред се парични прашања, а секоја дестта му ги препушта финансиите на сопругот. Истовремено пак, финансиските советници за жени се барани како никогаш досега. Но, дали жените вистина постапуваат со парите поинаку?

“Главно тоа е средство за цел“.

“Приходи, животна потреба, слобода, значи независност“.

“Парите едноствано се важни за да се мине дневниот живот, да се одраснат децата и да им се овозможи добро образование, да имаат можност за култура и да се облечат“.

Солвеј Хершел е сопственичка на мала книжарница во центарот на Берлин. Пред 8 години се осамостои бидејќи немаше работа и не сакаше така да остане:

"Мојата цел тогаш беше да го исхранам семејството, синот и ќерката. Тоа беше мојата главна цел...“.

Денес секоја трета фирма ја основа жена. Често поради невработеност и скоро секогаш со цел да се обезбеди семејството. Најчесто буџетите се мали, стартниот капитал позајмен од пријатели, очекувањата за добивка скромни.

Типично женската стратегија “мали чекори со мала заработувачка“ во времињата на вкупно празни каси, секако е успешна. Според статистиката самостојните жени пропаѓаат помалку од мажите. Па сепак, ним и натаму им е потешко да добијат кредити од банките за нивните зафати и тоа не важи само за тоа подрачје. Слично е кај плановите за згрижувањето за старост или за штедење, или кај акциите: она што во моментов го нудат банките скоро во секој случај е насочено кон лица со редовни или високи приходи. А, тоа главно се мажи. Животните патеки на жените најчесто се поинакви, тврди финансиската советничка Дијана Шмелинг:

“ ...затоа што нивните паузи се почести, одмор за одгледување на децата, две години отсуство од работа, потоа враќање, најчесто со помала заработувачка. А кога работата, најчесто е временски ограничена, тие сакаат порано да се откажат, па одат во предвремна пензија и не чекаат до 65-годишна возраст“.

Оттаму, жените сакаат поинаку да располагаат со парите. Пофлексибилно. Ако имаат деца потребни им се веднаш и не можат да чекаат со години на позајмици. Сакаат и сигурност за да имаат за стари години и не инвестираат во ризични зделки, на пример во акции.