1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парична и затворска казна за Методија Смиленски

Горан Петрески 18 јули 2007

Судијата денеска ја прочита пресудата за еден од најконтроверзните македонски бизнисмени Методија Смиленски. Казната е четири години затвор и обврска да врати два милиони долара.

https://p.dw.com/p/BJV9
Методија Смиленски осуден на четири години затвор и два милиони долараФотографија: DW / Macedonian Information Agency

Македонскиот бизнисмен од Виена Методија Смиленски е осуден за злоупотреба и фалсификување документи во две фирми во Свети Николе. Како претседател на управниот одбор во 2002 година го заложил имотот на фабриката за кредит од два милиони долара, но наместо да ги врати парите завршиле на контото на неговата фирма во Виена. Судот го задолжи Смиленски да ги врати парите, а оштетените граѓани да ги бараат по редовна судска постапка.

Судскиот процес заврши експресно по еден одложен и еден оддржан главен претрес. Адвокатот на Смиленски, Јаким Наумов ја обжали пресудата „Видовме како не треба да се донесуваат одлуките на начин како што во моментов се случи. Повредени се сите стандари на конвенцијата за Човекови права и основни слободи и прецидентот што го има изградено во овој правец.“

Освен ова дело во тек е судскиот процес против Смиленски и против поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија, Љубе Трпевски, за случајот Експорт – Импорт банка кој е закажан за средината на август.

Смиленски е еден од најголемите македонски богаташи од периодот на транзицијата. Беше уапсен лани во Белград, а минатиот месец екстрадиран во Македонија. Неговото враќање во земјата вознемири одредени политички и бизнис кругови, кои стравуваа дека бизнисменот може да открие кој се е вмешан во неговите сомнителни зделки.

По Смиленски директорот на Охис, Јорго Ќука е вториот голем бизнисмен обвинет за незаконски трансакции. Македонските медиуми неговото апсење го токлуваат како почеток на војната која власта им ја отвара на олигарсите во Македонија.