1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентот не ја прифати интерпелацијата за Димовска

9 март 2010

Македонскиот парламент не ја прифати интерпелацијата за работата на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Мирјана Димовска, поднесена од пратеничката група на СДСМ.

https://p.dw.com/p/MNfo
Фотографија: Petar Stojanovski

По деветчасовна расправа, синоќа (08.03.2010) 13 пратеници гласаа за отповикување на Димовска од функцијата, а 63 пратеници беа против интерпелацијата.

Опозицијата иницираше интерпелација за работата на Димовска, незадоволна од резултатите во справувањето со корупцијата. Наместо да се бори против криминалот на власта таа го легализира. „Во оваа држава има криминал и корупција во невидени размери“, обвини Игор Ивановски од СДСМ.

Аргументите на пратениците од владеачкото мнозинство се дека реален показател дека Македонија се справува со корупцијата се меѓународните рејтинг-листи.

„Не се кажа ништо конкретно што направила Мирјана Димовска“, кажа во нејзина одбрана Благородна Дулиќ.

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt
13 пратеници беа „за“, а 63 против интерпелацијаФотографија: Petr Stojanovski

„Обвинувањата се неосновани, а комисијата успешно и без никакво влијание однадвор одговорно си ја врши работата како колективно тело во кое претседателот е само член кој ја претставува Комисијата“, кажа во својата одбрана Димовска.

Корупцијата е еден од најтешките проблеми на македонското општество и сериозна пречка во евроинтегративниот процес на земјата. Македонија во 2009 беше рангирана на подобра позиција за едно место според индексот на корупција што ја изготвува Транспаренси интернешнл. Во претходните години земјата бележеше значително поголеми скокови на светската ранг листа. Во рангирањето за 2009 таа е на 71 место во друштво со Бугарија, Романија и Грција.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска