1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентот ја потврди новата влада на Израел

5 мај 2006

Шест недели по парламентарните избори новата влада на чело со премиерот Ехуд Олмерт доби мнозинство во Кнесетот.Олмерт најави утврдување на конечните државни граници до 2010 година,за што ќе бидат отстапени некои населби на Западниот брег,но осигурани други поголеми

https://p.dw.com/p/Ae1r
Новиот израелски кабинет
Новиот израелски кабинетФотографија: AP

Ехуд Олмерт доби мнозинство во израелскиот Кнесет за неговиот кабинет составен од четири партии.Него го сочинуваат партијата на Олмерт,Кадима,Лабуристичката,Конзервативната партија Шас и Партијата на пензионерите.

Премиерот изрази надеж во проширување на коалицијата во желба да биде поддржана неговата намера околу решевањето на прашањето на Западниот брег.

Тој најави дека до 2010 година Израел ќе има трајни државни гранции ,во што спаѓа и продолжувањето на делумното повлекување од Западниот брег.Постоењето изолирани населби во Западниот брег ја загрозува безбедноста на Израел.Повлекувањето на едни населби и концентрацијата на друг простор во делови од областите кои Израел сака да ги анектира,треба да придонесе за безбедноста на земјата и да биде спас од ционизмот.Олмерт ја оправда и акцијата на повлекување од појасот на Газа:

-Повлекувањето од појасот на Газа и од северниот дел на Западниот брег беше вистински чекор во вистиснки правец,првиот животно важен ,нужен чекор.Но,нам ни претстои главната работа.Преместувањето на изолираните населби.

Олмерт потенцираше дека сака повлекувањето на биде изведено во соработка со палестинските автономни власти.Доколку тоа не успее,Израел самиот ќе постави граници кои ќе може и да ги брани.Израелскиот премиер планира со делумното евакуирање на еврејските населби да започне во текот на идните две години.