1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партизан му гостува на МЗТ

АМ/миа/макфакс16 март 2013

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм ќе го одиграат последниот натпревар сезонава на домашен терен во АБА лигата. Во претпоследното, 25 коло, на МЗТ му гостува Партизан, најтрофејниот тим во историјата на Јадранската лига.

https://p.dw.com/p/17yrp
Фотографија: Fotolia/Jof

МЗТ во мечот влегува со желба да го поправи впечатокот од минатото коло, кога загуби во Унгарија од Солнок, додека Партизан има императив на победа, со која практично би си го обезбедил настапот на завршниот турнир. Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром очекува тежок меч, но се надева дека со добра игра може да се стигне до изненадување.

„Ни гостува екипата на Партизан, а сите знаеме дека се работи за одличен тим. Тоа е голем натпревар за нас, еден тест за нашата екипа, за нашите играчи, пред продолжетокот на сезоната. Мотивацијата за овој меч не е воопшто спорна - ќе играме пред нашите навивачи и мораме да го одиграме најдобриот меч досега за да го изненадиме фаворитот“, изјави за клупска интернет страница тренерот на МЗТ Алеш Пипан.

Здравствениот билтен кај домашниот тим е поволен и сите, со исклучок на Стефан Турањанин-Поповски се подготвени за овој натпревар. Дуелот помеѓу МЗТ и Партизан, во арената „Борис Трајковски“ ќе започне во 19 часот. По 24 кола во АБА лигата македонскиот шампион има 12 победи и 12 порази.