1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиите во Македонија потпишаа декларација за фер избори

Александар Чомовски18 мај 2006

Лидерите на политичките партии во Македонија се согласија за оддржување

https://p.dw.com/p/Ade2
Од изборите 2004 во Македонија
Од изборите 2004 во МакедонијаФотографија: AP

Лидерите на најголемите политичките партии во Македонија денеска на средба кај претседателот Бранко Црвенковски потпишаа декларација за фер и демократски избори. Имаме заедничка цел – организирање слободни, фер и демократски избори по сите меѓународни стандарди – порача македонскиот претседател Црвенковски на средбата со лидерите на политичките партии на која присуствуваа и европреставникот Ерван Фуере, американскиот амбасадор Џилијан Миловановиќ и претставникот на ОБСЕ Карлош Паиш.