1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиите ги отвораат картите пред изборите

Александар Чомовски14 јануари 2009

Дипломатот Срѓан Керим и универзитетскиот професор Ѓорѓи Иванов станаа актуелни личности како кандидати за претседател на Македонија на претстојните избори, првиот од СДСМ, вториот од ВМРО-ДПМНЕ.

https://p.dw.com/p/GY0g
Гласачите веќе знаат неколку имиња за иден претседател на државатаФотографија: DW

Вчера попладнето (13.01.2008) СДСМ излезе со предлог владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи д-р Срѓан Керим како заеднички и натпартиски кандидат на македонскиот блок.

Еден час по прес-конференцијата на опозицискиот лидер Зоран Заев кој го изнесе предлогот, од партиската централа на ВМРО- ДПМНЕ, група интелектуалци и челници на партијата иницираа за нивен кандидат за претседател на државата да биде предложен универзитетскиот професор Ѓорѓи Иванов.

Завчера премиерот Никола Груевски имаше средба со Иванов, кој очигледно бил консултиран за номинација за претседател на државата.

Дипломатот Срѓан Керим, пак, во телевизиска изјава изгледаше изненаден од идејата на СДСМ и изјави дека не бил консултиран.

Предлозите за кандидати за претседател на Македонија треба да бидат доставени до Државната изборна комисија до 3-ти февруари. Претседателски самономинации објавија досега македонскиот бизнисмен Џорџ Атанасовски и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски.