1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиската книшка - виза за напредување

Свето Тоевски:25 август 2008

Експертите предупредуваат - Македонија е загрозена од партизацијата, која директно ги подрива демократските процеси во земјата и ги уназадува правата и слободите на граѓаните. Партиската книшка ја определува иднината.

https://p.dw.com/p/F4DG
Партизација на земјата, опасност за демократијатаФотографија: AP

Во периодот на својата оддолжена транзиција, Македонија се соочува со една негативна социо – политичка појава. Неа експертската јавност и аналитичарите ја сметаат како најдиректна причина за загрозување на демократските процеси во земјата и за уназадување на правата и слободите на граѓаните. Се работи за партизацијата, односно директните и индиректните влијанија на елитите од големите етаблирани партии и од македонскиот и од албанскиот политички блок врз судството, администрацијата, обвинителството и другите сфери во општеството. Некои експерти ја сметаат приватизацијата дури и како перфиден облик на корупција, кој му нанесува големи штети на севкупното економско и демократско битие на земјата, претставувајќи ја во неповолна светлина во очите на меѓународната заедница.