1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ го прифати договорот со ДУИ

28 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnuD

Партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ на синоќешната седница ги одобрил резулатите од политичкиот дијалог со опозиционата ДУИ. Денеска и ДУИ треба да го одобри постигнатиот компромис и да се вратат во Парламентот. Претходно, по вчерашниот состанок меѓу премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи Скопје беа надминати несогласувањата по најавата на албанската партија дека ќе ја напушти владата. По средбата Груевски изјави само дека разговарале за идните планови на владата.