1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партиски превирања во СДСМ со владини вплеткувања

Александар Чомовски7 октомври 2006

Под притисок на амбасадорите во Скопје владата ги повлече обвинувањата дека претходната влада, пред се вицепремиерката Радмила Шеќеринска ги злоуотребила странските донации и финансиска помош

https://p.dw.com/p/Ac2e
Бучковски-ќе остане ли на кормилото на СДСМ?
Бучковски-ќе остане ли на кормилото на СДСМ?Фотографија: AP

Обвинувањата се тотално неосновани, реагираше и ЕУ амбасадорот Ерван Фуере.Целиот скандал коинцидираше со тајмингот на организирањето на денешната конвенција на СДСМ, на која се разгорува ривалската битка за лидерската позиција меѓу актуелниот шеф на партијата Владо Бучковски и потпретседателот Радмила Шеќеринска.Бучковски ги обвини луѓето од кабинетот на Црвенковски, а индиректоно и претседателот на државата дека ќе бидат одговорни за поделбата што може да му се случи на СДСМ.