1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паскал Лами нов претседател на СТО

31 мај 2005

Поранешниот комесар на ЕУ за трговија Паскал Лами денеска ќе биде именуван за нов шеф на Светската трговска организација. Противкандидат нема. Официјално 58-годишниот Лами треба да стапи на должност на 1 септември. Меѓутоа, уште сега размислува за огромните проблеми на организацијата:

https://p.dw.com/p/AeOh

Факт е дека Лами се наоѓа пред задача за Херкулес. СТО во монетов се наоѓа во средината на тешките преговори за таканаречената рунда Доха, која го носи името на градот каде што беше донесена. Со оваа рунда треба натаму да се либерализира светската трговија, пред се во областите на земјоделството, индустриските производи и услугите. Уште при претставувањето како кандидат Паксал Лами изјави:

„Окончувањето на Доха рундата е приоритет број еден, број два и број три„.

Повторно главен камен на сопнување е земјоделството. Доха – рундата беше наречена развојна. Тоа значи дека на земјите во развој им беше ветено пофер учество во светската трговија. Притоа, намалувањето на земјоделските царини и на субвенциите, пред се во Европската унија и САД имаат централна улога. Лами смета дека ветувањата треба да се исполнат:

„Мислам дека она што го може СТО е трговијата повеќе да работи за развојот. Треба да се создадат правила според кои земјите во развој нема да се чувствуваат како жртви, туку како добитници од системот. Тоа е решавачката точка„.

Меѓутоа, според земјите во развој, индустриските нации до денес не направија доволно отстапки за да ги отворат своите аграрни пазари, туку поставија нови пречки. Лами сака да овој план да направи многу, но средствата што му стојат на располагање се слаби: тој може само да посредува, не може активно да управува. Може да придонесе за полет, но повеќе можат да направат сами 148-те земји – членки.