1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паторот Пајо патува низ Германија

Берит Брајтсамер/ Александра Трајковска 29 септември 2012

Паторот Пајо тргнува на турнеја низ Германија. Фановите на стриповите на Јан Гулбрансон ги очекуваат нови авантури на цртаната фигура низ осум германски градови, меѓу нив и Минхен и Октоберфест.

https://p.dw.com/p/16Dhf
Фотографија: AP

Во Минхен настануваат стории за паторот Пајо - нацртани од Јан Гулбрансон, кој на стриповите работи деноноќно.

„Бидејќи морам да завршам 100 страници и тоа додека првите приказни веќе се објавени. Се’ уште ги цртам последните две продолженија, кои ќе бидат објавени осум недели подоцна. Дека ќе има толку работа на почетокот не можев да согледам“.

Јан Гулбрансон е единствениот Германец кој смее да црта комплетни стрипови на Пајо паторот надвор од САД. Сега Пајо паторот го носи на турнеја низ Германија и тоа низ осум градови. Се разбира дека Пајо паторот доаѓа и во Минхен и се забавува на т.н. „визен“ - полјаната на Окотберфест. „Приказната е, практично таа не може да биде раскажана со заплет затоа што воглавно живее од тоа што, на полјаната се присутни голем број фигури, и секоја од нив има сопствена агенда. Едноставно таму е екстремно турбулентно. Кај сите други градови би можел да ви раскажам кој е заплетот, кога би смеел, но тоа не оди“.

20.09.2012 DW Deutschland Heute Donald Duck
Јан Гулбрансон

Веќе 20 години Јан Гулбрансон го црта паторот Пајо. Тоа е постојан предизвик.

„Карактерот, анархичното, да падне на муцка, но да не дозволи да биде изваден од колосек“.

Гулбрансон стриповите ги обожуваше уште како ученик и тајно ги читаше под покривката. Тоа што денес ги црта е исполнување на сон од детствотo. Само фигурата на Мики Mаус не сака да ја црта.

„Не, не, не. Мики Маус е карактер кој сметам, значи, за мене тој е едностран. Тоа е се’. Она што е супер кај Пајо паторот е што е неверојатно многустран. Тоа практично е се’ она што ја заживува целата работа, и сите нијанси во карактерот. Цела палета која не е сведена само на еден именител. Тоа е непредвидливо.“

Mickey Mouse
Мики Маус не сака да го цртаФотографија: AP

Гулбрансон приказни за Пајо паторот смисли дури и за едно списание за мажи. На неговата креативност меѓутоа и‘ се поставени јасни граници. Гулбрансон мора да се придржува на класичните табуа на Дизни, како секс, религија и смрт.

Јан Гулбрансон цртањето на стрипови го научи сам. Перфекционист кој дури и на неговите 63 години се’ уште не е целосно задоволен.

Junge liest Comics auf der Leipziger Buchmesse
Фановите на Гулбрансон десет години чекаа на новите авантуриФотографија: picture-alliance/dpa

„Јас ова го правам навистина долго. Првите, би рекол првите 10 години како цртач на Пајо паторот, работите не беа добро сортирани. Приказната која тукушто ја покажав, таа едноставно не е така разумна. Тогаш фигурите се’ уште не ги имав под контрола. Каде е таа? Не ги имав вистински под контрола, иако овде Дејзи е многу експлозивна, но со многу долг клун“.

Десет годни неговите фанови мораа да чекаат на новите авантури со паторот Пајо . Сега на 100 страници во осум продолженија може да го придружуваат Пајо паторот низ Германија.