1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Bücherbus

Волфганг Бројер/ Александра Трајковска14 јуни 2012

Во руралните области на Германија, библиотеките се поретки, па затоа постои и мобилната библиотека. На мал простор се наоѓа се’ што има и во градските библитеки: романи или стручна литература, патеписи или детски бајки.

https://p.dw.com/p/158gX
Фотографија: picture alliance / dpa

Библиотеката на тркала повторно е на пат. Автобустите со книги ги финансираат претежно локалните власти, а жителите се благодарни за понудата. Како овде во Растштат во Баден Виртенберг.

Идејата за мобилна библиотека се роди пред 50 години, бидејќи во Германија постои правило дека сите имаат право на читање, не само во градовите каде постојат богато опремени библиотеки. Она што важеше пред половина век, трае и денес, традицијата не е многу променета.

Не е ни чудо, оти само во овој автобус чекаат околу четириипол илјади книги, ЦД-а и касети да бидат изнајмени. Во магацинот има уште 21.000 објекти за изнајмување, речиси секоја вечер автобусот се полни со книги. Се изнесуваат корпи полни со книги. Да се изнајмува е поисплатливо отколку секојпат да се купуваат книги.

Bücherbus Stadtbibliothek Baden-Baden Flash-Galerie
Мобилната библитека во Баден - БаденФотографија: cc-by-sa Stadtbibliothek Baden-Baden

„Кога се имаат деца е поинаку, не би знаела од каде да ги земам парите, оти тие читаа неверојатно многу. Благодарни сме поради тоа што овде доаѓа библиотеката“.

„Секогаш се радуваме, кога дома имаме нешто ново за читање“.

Хелмут Видман е дипломиран библиотекар и оваа убава работа ја извршува веќе 19 години. „Се разбира ми причинува огромно задоволство, ако сакате да воспоставувате контакти и знаете како со луѓето, и ако ги сакате книгите, тој спој е идеален.“

Автобус библиотека

Најстариот член на библиотеката, која инаку има 2.600 регитрирани читатели, е г-дин Хазел од Форбах. Тој има 91 години и изнајмува копра полна со книги за него и неговата сопруга.

„Порано мојата сопруга постојано беше тука, но сега неможе повеќе. Сега јас самиот ги изнајмувам книгите(?).“

„Тоа значи дека се’ уште изнајмувате книги за вашата сопруга?“

„Да токму така. Пред се’ полесна литература.“

Дали романи или стручна литература, патеписи или детски бајки на касета, мобилната библиотека на мал простор нуди голем избор на она што вообичаено се наоѓаат во градска библиотека. Токму тоа го сакаа и иницијаторите. Исто како и во некоја голема библиотека и овдека изнајмувањето се врши преку компјутер. 19 евра членарина плаќаат возрасните годишно, за децата и младите изнајмувањето е бесплатно. Автобусот секое попладне минува по истата рута, овдека во округот Растштат, има возен ред со 28 станици.

„Секое претпладне правиме и нешто сосема убаво, одиме во основните училишта во областа Баден - Баден и таму промовираме читање на книги. Децата од училиштето доаѓаат кај нас во автобусот и изнајмуваат книги.“

Мобилниот автобус е добредојден, особено во време кога домашниот буџет е ограничен. Оти без библиотеките на тркала Германија би била културно многу посиромашна...