1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патувањата поскапеа, но Германците не се откажуваат од одморот

Моника Ломилер25 јули 2008

Одморот е поскап не само за оние кои одат со сопствено возило. Туристичките агенции ги кренаа цените, оти авиокомпаниите наплатуваат додаток за керозин. Но, тоа не го намали меракот на Германците за патување.

https://p.dw.com/p/Ej6N
Плажа, ПортугалијаФотографија: picture-alliance / Bildagentur H

Лани Германците потрошија околу 60 милијарди евра за годишен одмор, а ни годинава нема да бидат помалку, иако за тоа задоволство мора да се брцне подлабоко во џебот. „Во споредба со минатата година, ако се погледаат цените на истиот хотел или иста дестинација, во просек се поскапи за речиси 150 до 200 евра, понекогаш дури и 300 евра“, укажува Криста Шнајдер од Туристичкото биро Папендик во Зигбург кај Бон.

Во мода се крстосувања со брод, иако и таму цената на горивото во меѓувреме стана двојно повисока. Еден таков брод троши околу 100 тона тешка нафта дневно - не само за погон на моторите, туку и за енергија за другите уреди.

„Патувањата со брод во последните години се’ повеќе се во мода и браншата бележи раст со двоцифрен број, и тоа како речните, така и морските крсотсувања. Се проценува дека трендот ќе продолжи и во наредните години. Поради тоа постојано се градат и нови бродови“ - вели претприемачот Вернер Папендик.

Со паушални патувања - чиста сметка

Натамошен тренд, според него, е повторниот подем на паушални патувања. „Паушалното патување има предност - кога ќе направите резервација, знаете колку ќе ве чини престојот. Затоа мислам дека многу луѓе повторно се решаваат за паушални патувања, оти таму имаат фиксирани цени и тие тоа го ценат“.

А за да можат да ги држат во одредени рамки цените на паушалните патувања, туристичките агенции и самите сторија нешто - ги избришаа од своите програми хотелите со претерани цени и ги одржуваат константни цените во некои од најомилените земји за одмор како Шпанија, Тунис или Мексико.