1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

010709 China Internet

1 јули 2009

Кинеската влада на само неколку часа пред да стапи во сила уредбата со која сите нови компјутери мора да бидат опремени со софтверот кој филтрира информации, „Зелена брана“, се премисли!

https://p.dw.com/p/Iewf
Фотографија: AP

Уметникот и блогер Аи Веивеи, всушност, за први јули планираше забава во знак на протест во уметничкото село Каохангди. Тој сакаше заедно со стотици блогери, креативци и активисти цел ден да го бојкотира интернетот, во знак на протест против принудното воведување на новиот софтвер за филтрирање информации. Но, се‘ излезе поинаку. По изненадувачкото повлекување на планираното воведување на софтверот, од првично планираната протестна забава излезе победничка забава. Веивеи не ја крие радоста: „Славиме поради тоа што заедничките напори што ги правевме во различни институции и странски влади покажаа резултат. Поради тоа сме многу среќни.“

Повеќенеделни протести

Блогерите и активистите во Кина со недели протестираа против новиот софтвер со име „Зелена брана“. Тие стравуваа дека софтверот значи натамошно ограничување на слободата на мислење и на информирање. И се грижеа за безбедноста за компјутерските податоци, со оглед на тоа што софтверот важи за недоволно развиен и подложен на хакерски напади.

Internet Boom in China
Цензура во Кина и онака има - велат активиститеФотографија: AP

Официјално, се вели дека владата и натаму се држи до своите планови. Воведувањето нов софтвер е одложено само поради тоа што на многу ИТ-фирми им било потребно повеќе време. Но, активисти како адвокатот и блогер Лиу Ксиаојуан, оценуваат дека ваквите причини се алиби: „Мислам дека интернет-заедницата одигра многу важна улога, како и адвокатите кои аргументираа во министерството за информатичка технологија или во министерството за финансии.“

Илузии не треба да се има

Но, ниту еден од блогерите и активистите кои слават не си прави илузии. И по ваквиот потег на владата, во делот на контрола на интернет и на строга цензура, во Кина не се менува ништо, вели Лиу:

Peking China Internationale Internet und Entertainment-Messe
Блогерите славатФотографија: AP

„И без „Зелената брана“ ви ги блокираат текстовите на интернет и се острануваат критички коментари. така беше и во минатото, а така ќе биде и во иднина.“

Останува прашањето дали воведувањето на новиот софтвер е целосно тргнато од дневен ред. Аи Веивеи не смета дека тоа ќе се случи и оценува дека со одлагањето на неговото воведување владата сака само да си го зачува образот. Адвокатот Лиу на тоа гледа поинаку, особено што владата во новиот софтвер веќе инвестираше 40 милиони јуани. Во училиштата и на универзитетите тој веќе е во употреба.


Автор: Рут Кирхнер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска