1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петерсен бара мултиетничка преговарачка група од Косово

18 ноември 2005

Шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен, кој вчеравечер ја прими “на знаење“ резолуцијата на косовскиот парламент, од косовскиот претседател, Ибрахим Ругова, ќе побара во преговарачката екипа околу статусотна покраината да бидат вклучени сите заедници.

https://p.dw.com/p/AcBG
Сорен Јесен Петерсен
Сорен Јесен ПетерсенФотографија: AP

Цивилниот администратор на Косово, Сорен Јесен Петерсен, синоќа разговараше со претставниците на малцинствата на Косово и нагласи дека преговарачката група на Косово за разговорите околу конечниот статус треба да има јасни ставови околу идната мултиетничност на Косово. Учеството на сите заедници во политичкиот процес е многу важно во овој критичен момент, вели Петерсен. Според него, време е политичките лидери на Косово да ги забрзаат подготовките за процесот околу утврдување на статусот, посебно во светло на доаѓањето на специјалниот пратеник, Марти Ахтисари, во понеделник. Додека шефот на УНМИК во Приштина разговараше со претставниците на малцинствата, генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во Брисел имаше средба со акредитираните новинари од Западен Балкан. Притоа, без влакна на јазикот, Шефер се закани дека КФОР многу силно и сериозно ќе возврати на обидите од која било страна за постигнување политички промени со насилство.

“Јас ги повикувам сите страни во играта да не заземаат никаков тврд став, а тоа се однесува и на парламентите. Немојте да заземате непопустливи ставови, зашто може да се најдете во тешкотии во завршната фаза на преговорите, кога мора да се оди на компромис“.

НАТО зака да биде здружен со напорите на пратеникот на ОН, Ахтисари, за решение околу статусот на Косово. Алијансата сака да биде вклучена во проблемот, зашто тоа во голема мерка е прашање на безбедноста, а тука улогата на НАТО и КФОР се многу важни, вели Шефер.

Американскиот амбасадор во Србија и Црна Гора, Андреас Цобел, денеска во интервју за “Глас јавности“ оцени дека преговорите за статусот на Косово ќе бидат многу тешки и тие мора да завршат со компромис. “Не постојат решенија кои чекаат во фиока подготвени само да се реализираат. Марти Ахтисари е доволно суверен за да не дозволи некој да му одредува прописи,“ изјави Цобел, кој тврди дека Германија има потреба од стабилен Балкан, со оглед на тоа што преку бегалските текови и струи на особен начин ги чувствува последиците од конфликтите во регионот.