1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петкратно убиство во близина на Скопје

СН/ЕМФ/бета/вечер13 април 2012

Пет момчиња се убиени во близина на Скопје, а нивните тела се пронајдени синоќа кај Железарското езеро, во атарот на селото Смиљковци.

https://p.dw.com/p/14dIc
СкопјеФотографија: DW

Телата на убиените момчиња ги пронашле рибари вчеравечер околу 22:30 часот. Полицијата не го соопшти нивниот идентитет, но локалното население претпоставува дека убиените момчиња се од македонска националност на возраст меѓу 18 и 20 години.

Луѓе кои живеат најблиску до местото на убиството, кај скопската обиколница од селото Црешев , за новинската агенција Бета изјавиле дека телата се пронајдени кај вештачкото Железничарско езеро и оти момчињата таму биле на рибарење од вчера попладне. Од друга страна, македонските медиуми пренесуваат непотврдени информации дека момчињата биле од скопската населба Радишани.

Полицијата досега нема потврдено ништо од горе наведеното. Местото на убиството е под полициска заштита, а истражниот судија извршил увид.

Полицијата се’ уште нема соопштено никакви детали за убиството. Медиумите известуваат дека во близина на телата можат да се видат два автомобили чии врати се отворени.