1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет години евро

19 декември 2006

Од 1 јануари 2002 година во Европа од Финска до Португалија се смета и се плаќа во една валута: во евро. Откако уште во 1999 година валутите на најнапред 11 држави во евро-зоната беа фиксирани, а за паричната политика надлежна стана Европската централна банка, во монетраната унија стапи и Грција. Од 1 јануари 2002 еврото почна да функционира. Од тој ден еврото е единствената валута за плаќање во готово во 12 држави на Е

https://p.dw.com/p/AeJu
Еврото е веќе посилно од доларот!
Еврото е веќе посилно од доларот!Фотографија: AP

вропската унија. Од 1 јануари 2007 се приклучува и Словенија.

Пет години по воведувањето на еврото едно е јасно: заедничката валута е европска успешна приказна. Чисто технички тоа беше големо мајсторско достигнување, кога 12 држави на Европската унија ги повлекоа националните валути и воведоа една заедничка. Се случи мек премин. Три години пред тоа беа фиксирани курсевите за размена на националните валути: колебања на валутите во евро-зоната веќе не беа можни.

Кон средината на декември 2001 веќе без издадени првите монети и банкноти на центите и еврото. На пример, банките во Германија за 20 марки издаваа нови банкноти и монети во вредност од 10 евра и 23 центи. Корисниците требаа најнапред да се навикнат на новите пари. На смената на годините 2001 – 2002 пред Централната банка на Европа не се одржа огномет не само по повод Новата година, туку беа поздравени и новите пари. Тогашниот германски министер за финансии Ханс Ајхел изјави:

„Ова е историски ден и поради тоа што секому му покажува дека европското единство е најголемиот проект за благостостоја и мир за 21 век и за нас во Европа„.

Еврото беше тука. Банките, менувачниците и автоматите со месеци пред тоа беа снабдени со новите пари. За 12 земји во зоната на еврото беа печатени преку 14 милијради бакноти во вредност од 625 милијарди евра испорачани под строга полициска контрола. Кон тоа и 50 милијарди монети. Оној што на 1 јануари 2002 земаше пари од автомат, добиваше евро банкноти, мазни и тазе печатени.

Од 2 јануари започна размената во банките, но пред се преку малопродажбата. До крајот на февруари останаа националните валути – во Германија марката како се уште законско средство за плаќање. Оној што во супер-маркет купуваше со старата валута, добиваше кусур во новата. Малопродажбата старите пари преку банките ги враќаше назад. Се се одвиваше подмачкано. Претседателот на Европската централна банка Вим Дијсенберг беше полн со фалби:

„Посебно сакам да го изразам задоволството од банките и малопродажбата, но и кон сите граѓани на Европа поради ентузијазмот што го покажаа за еврото„.

Почетните сомневања дека станува збор за млака валута впечатливо беа замолчени. Еврото е исклучително стабилно, толку колку порано германската марка. Довербата во него на меѓународните пазари голема. Тоа се покажува и во фактот што се уште доминантниот долар полека губи на важност, додека еврото добива.