1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет долари месечно за струја

29 август 2009

Ураганот Катрина пред точно четири години однесе 2.000 жртви и го опустоши Њу Орлеанс. Во обновата на куќите се вклучи и актерот Бред Пит, кој заедно со германски архитекти изработи проект за економични и еколошки куќи.

https://p.dw.com/p/JKfU
Изгледот на новите куќи во Њу ОрлеансФотографија: Virginia Miller

Сезоната на урагани која траеше од средината на август до средината на септември 2005 година, започна со голем удар: отако цело лето немаше ниеден тропски ветер, во САД и на Карибите почнаа да беснесат одеднаш три бури, што ги добија имињата Ана, Бил и Клодет. Истражувачите на ураганите за оваа година предвидоа мирна сезозна на урагани, иако тоа не ја исклучува можноста одредени бури да станат мошне силни. Сеќавањето на ураганот Катрина, кој пред четири години опустоши многу делови од Њу Орлеанс, уште е свежо.

На Њу Орлеанс во раните утрински часови, на 29 август 2005, му се приближи Катрина, ураган со трет степен на јачина и со брзина на ветерот од повеќе од 180 километри на час. Во невремето загинаа 2.000 луѓе. Околу 200.000 жители се‘ уште не се вратени во домовите. Кога холивудскиот филмски глумец Бред Пит го посети Њу Орлеанс, беше шокиран: „Само во овој кварт животот го изгубија околу 1000 луѓе, бидејќи водата надојде пребргу или затоа што потоа многу жители скоро недела дена чекаа помош на силното сонце, стоејќи на покривите од своите куќи“.

Сигурни, економични, еколошки и куќи со кои жителите ќе се идентификуваат

Hurricane Katrina: Überflutete Metropole New Orleans - freies Format
Поплавениот Њу Орлеанс по ураганот КатринаФотографија: picture alliance/dpa

Бред Пит, заедно со своите пријатели, германските архитекти: Ларс Крикеберг, Волфрам Пуц и Томас Вилемајт изработија план како од Њу Орлеанс да изградат модерна населба, со прифатливи цени и во согласност со најновите еколошки стандарди. До 2010 година, овде би требало да бидат изградени 150 куќи. Името на проектот е „Mејк ит рајт“, односно „Работи како што треба“, бидејќи овде не станува збор за изградба на какви било куќи, туку за крајно амбициозен проект. Тие одредиле четири основни начела. Прво, сигурност, што значи дека куќите стојат на бетонски столбови за луѓето да не страдаат повторно ако попушти насипот. Второ и најважно, куќите се наменети за луѓе кои немаат многу пари. Трето, куќите треба да бидат изградени во склад со еколошките стандарди. И четврто, куќите треба да бидат така градени, што нивните жители ќе се идентификуваат со нив и затоа добро ќе ги одржуваат.

Со овој проект, во САД, за првпат се создава населба која ги задоволува највисоките архитектонски стандарди од една и еколошки критериуми од друга страна, а куќите во неа се сепак достапни и за луѓето со пониски примања. Крикеберг појаснува: „Може да се тргне од тоа дека ќе потрошиме 30% помалку материјал и за 30 натсто ќе ја подобриме носивоства во споредба со класичните методи на конструкција. Пристапите до куќите ќе бидат изградени од пропустен бетон, за да може водата да оди во земја. Исто така, вода ќе се собира и во цистерните на покривите и таа ќе се користи како техничка вода за тоалетите и слично.“

Куќи по половина цена

Lower 9th Ward
Старите ќе се заменат со нови економични и еколошки куќи.Фотографија: DW

Во канцеларијата во Берлин, германските архитекти работат на повеќе новитети: на пример, челик кој не ‘рѓосува во бетон. Целиот градежен материјал, во основа, ќе биде можно да се рециклира. Претседателката на Конгресот, претставничкиот дом на американскиот парламент, Ненси Пелоси, планираната населба со греење што ќе ја користи топлината од земјата и соларната енергија ја нарекла „водечки модел за нацијата". Домаќинствата нема да плаќаат за енергија повеќе од 3-5 долари месечно, а за почеток во новите домови се вселија 20 семејства. Куќите имаат станбена површина од 150 до 200 квадратни метри и стојат на бетонски столбови.

Нивните станари плаќаат само половина од цената, колку што чинат сличните куќи во САД. Разликата се доплатува преку проектот „Мејк ит рајт“, во облик на кредит. Но, оној кој во куќата ќе живее најмалку десет години, нема да мора да ги врати тие пари.

Автор: Мирко Шваниц / Ана Алибегова

Редактор: Симе Недевски