1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пет предизвици за Македонија

Тони Гламчевски15 ноември 2012

Средбата на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав со членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парлaмент беше посветена на подготoвките за евроинтеграциите на Македонија.

https://p.dw.com/p/16jqS
Фотографија: MIA

Германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис како претседавач на мешаниот парламентарен комитет ЕУ- Република Македонија, забележа дека Македонија во 2012 година продолжи со процесот на реформите и владата ги исполни условите за почеток на преговорите, но сепак има предизвици како борбата со корупцијата и реформите на правосудството и администрацијата, финализирањето на Охридскиот договор, слободата на медиумите кои беа проблематични напреднаа многу. Според Шацимаркакис високиот дијалог не смее да ги замене преговорите, иако тој придонесува за забрзување на реформите, тој оцени дека во моментов се отворија прозорци за решавање на билатералниот спор со Грција околу името, но станува деликатна ситуацијата во односите меѓу Софија и Скопје, како и проблемот со барателите на азил во Германија. 

Дијалогот на високо ниво- мотор за реформите

Амбасадарот на ЕУ во Македонија Аиво Орав, во обраќањето до европарламентарците посебен акцент стави на реформите, еволуцијата на политичката ситуација во земјата и предизвиците кои стојат пред неа.

Тој констатира дека високиот дијалог ги забрза реформите и дозволи подобрување на односите меѓу Скопје и Брисел, тој изрази притоа изнедадување дека дијалогот бил многу поволно примен од страна на севкупното македонско општество. Орав притоа го објасни напредокот до кој доведе овај дијалог во исполнувањето на зацртаните 140 цели. Според него, 70% од договорените цели се парцијално или целосно исполнети.

Deutschland EU MdEP Jorgo Chatzimarkakis FDP
Германскиот европратеник Јоргос ШацимаркакисФотографија: dapd

Меѓуетничките односи извор на грижи за ЕУ

Во однос на политичката ситуација, Орав се задржа на проблемите во меѓуетничките односи, во контекст на инцидентите во текот на 2012 година и случајот со повеќекратното убиство на езерото Смилковце, во кое шест лица се обвинети за тероризам. Нивното судење е еден од петте поголеми предизвици за Македонија, при што Орав смета дека судењето треба да биде транспарентно и коректно.

ЕУ побарала од владините коалициони партнери смирено и одговорно однесување, посебно околу донесувањето на законот за бранителите, кој ако биде усвоен вака како што е предложен, може да доведе до уривање на коалицијата и предвремени избори.

Македонија покажува волја за добрососедство

Амбасадарот на ЕУ во Македонија не ги одмина ниту добрососедските односи, нагласувајќи дека преокупациите на двете земји членки на ЕУ соседи со Македонија, треба да бидат почитувани. Орав, нагласи дека  шефот на накедонската дипломатија одговори на грчкиот меморандум, а испратил и писмо до неговиот бугарски колега, со што се покажува дека земјата покажува волја за добрососедски односи. Како пример тој ја наведе прославата на Кумановската битка од страна на Србија, која иако е оспорувана од Македонија, таа дозволи непречено да се прослави.

Меѓу другите предизвици за Македонија е доследното спроведување на Охридскиот рамковен договор, зачувување на реформскиот елан и идните локални избори, за кои се бара почитување на меѓународните норми. Во сослушувањето пред ЕП посебно беше изразена загриженост поради можноста граѓаните без биометриски пасоши да не можат да не гласаат на изборите. Но според Орав, за Македонија е најзначајна европската перспектива, бидејќи таа е „цементот“  за заедничкиот соживот на различните етнички заедници во земјата.

Бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин, во името на отсустниот известувач за Македонија Ричард Ховит, оцени дека почетокот на преговорите со Македонија ќе биде охрабрување за реформскиот процес и дека е можно паралелно да се одвиваат преговорите за членство и за решавање на проблемот за името меѓу Атина и Скопје. Високиот дијалог иако успеа да го приближи граѓанското општетсво до владата, тој не смее да биде замена за преговорите за членство. Кои треба да започнат колку што е можно побрзо.

Софија нова пречка за Македонија

Bulgarien EU Europaparlament Kristian Vigenin
Бугарскиот европратеник Кристиан ВигенинФотографија: vigenin.eu

Како бугарски европратеник Вигенин, констатира дека односите меѓу Бугарија и Македонија се често деликтани и видени однадвор тешки за разбирање. Тој констатира дека има конструктивно однесување, но од страна на Бугарија не се гледа така. Вигенин посебно инсистираше на проблемот со бугарското малцинство во Македонија, тој се заложи за решавање на билатералните проблеми до декември, за да не дојде до бугарско вето за почетокот на преговорите.

Многу поостар беше настапот на другиот бугарски европратеник Станимир Илчев, кој ја обвини Македонија за нарушување на добрососедските односи, посочувајќи на заедничката декаларација на министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија и на Романија. Тој побара промена на македонскиот устав и нов попис за да се земат во предвид правата на бугарското малцинство, како и прекин на нивното угнетување. Илчев смета дека преговорите со Македонија треба да започнат откако ќе бидат решени билатералните проблеми.

Романскиот европаратеник Кристиан Дан Преда од своја страна се заложи за почеток на преговорите со Македонија и дека треба да и се стави крај на изолацијата на Македонија, која долго време чука на вратата на ЕУ, со што ќе бидат спречени новите тензии со Грција.