1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Писториус обвинет за убиство, ќе му се суди во март

МТ/афп, ап19 август 2013

Јужноафриканскиот параолимпиец и олимписката спринтерска ѕвезда Оскар Писториус се соочува со обвинение за убиство на својата девојка. Ако биде осуден можно е да добие доживотна казна.

https://p.dw.com/p/19S8A
Фотографија: Stephane de Sakutin/AFP/Getty Images

Судот во Преторија денеска(19.08.2013) објави дека Писториус ќе излезе пред суд на 3 март наредната година. Тој е обвинет за убиство на својата девојка, Рива Стинкамп на 14 февруари годинава. Судијата Дезмонд Најр изјави дека судењето ќе трае до 20 март 2014 година.

26-годишниот Писториус, кој беше присутен на сослушувањето, се држеше за раце, плачеше и се молеше со своите брат и сестра пред да биде изречена одлуката. Атлетичарот со две ампутирани нозе, познат како „блејд ранер“ (blade runner) поради протезите што ги користи кога се натпреварува, е моментално на слобода со кауција од еден милион евра неделно.

Тој призна дека ја убил Стенкамп, но негираше дека е убиство, велејќи дека ја застрелал низ заклучената врата од тоалетот мислејќи дека е провалник. Стинкамп, дипломиран правник и модел, им подлегна на повредите од истрелите во главата, лактот и колкот. Обвинителите велат дека балистичкиот извештај покажал оти Писториус ги имал на себе двете протези пред да пука преку вратата, што укажува дека убиството било со предумисла и намерно.

Денешното сослушување се совпадна со 30-от роденден на Стинкамп. Писториус, параолимписки шампион, се прослави минатата година во Лондон, кога стана првиот атлетичар со две ампутирани нозе кој се натпреваруваше на Олимпијадата против атлетичари без хендикеп.