1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пласник: Косово тест за зрелоста на ЕУ

27 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BYUe

Решението на идниот статус на Косово ќе биде тест на зрелоста на ЕУ, изјави австриската министерка за надворешни работи Урсула Пласник. Според Пласник, ЕУ постојано учи, а на ова прашање ќе се покаже дали Европа може да „задржи јасен и единствен став“, како и дали ЕУ ќе пронајде единствен профил кон Русија“. Пласник говореше на форумот „Политички дијалози“ кој во следните три дена се одржува во Австрија. На него се расправа за односот на ЕУ кон новите центри на моќ, за ресурсите, улогата на СБ на ОН и владењето на меѓународното право.