1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плејмобил слави 40. роденден

К. Матес/БГ18 февруари 2014

Фигурите на Плејмобил во изминатите четири децении станаа составен дел од секоја детска соба. На почетокот беа мали, слабички фигури, а денес прераснаа во цели замислени светови.

https://p.dw.com/p/1B6dh
Фотографија: AP

Тие ги воодушевуваат децата со генерации: фигурите Плејмобил - германски пронајдок. Годинава полнат 40 години.

Во музејот во Шпајер наредени се едни до други, римски војник, градежен работник или градинар. Идејата за оваа јубилејна изложба е на Катерине Бјазини. Таа ги добила фигурите од колекционери од цела Германија.

„Кога ќе почнете да ги редите овие фигури, тогаш забележувате дека сѐ уште сте деца. Тие го будат детското во човекот, кое секогаш го носите со вас“, вели Катерине Бјазини, соработник во Музејот на младите во Шпајер.

Кога Ханс Бек во 1974. ги направи првите фигури, тие беа само мажи. Дури две години подоцна дојдоа и жените. Но, без разлика дали машки или женски, тие сите беа исто изработени.

На почетокот сите беа слаби и тенки. Сега се пополнети и пореални. Сега веќе не се прават само фигури, туку и цели Плејмобил светови. Како стариот Египет, на пример.

Bildergalerie Playmobil
Фотографија: geobra Brandstätter GmbH & Co. KG

„Цезар се среќава со Клеопатра. Тоа е мојот омилен свет. Ова се старите Египќани, и сметам дека начинот на кој ова е направено е извонредно. Без разлика што сум возрасна, би сакала да го имам овој комплет“, вели Катерине Бјазини.

Повеќе од 2,5 милијарди играчки досега се произведени. Има повеќе од 4 илјади различни карактери. И сите го имаат истиот израз на лицето.

„Секој Плејмобил маж претставен тука на изложбата ја има истата пријателска насмевка“.

На почетокот никој не им предвидуваше меѓународна кариера. Денес тие се омилени играчки во бројни детски соби ширум светот.