1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Побарана смртна казна за Садам

20 јуни 2006

Ирачкиот државен обвинител вчера во Багдад во процесот против поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин побара смртна казна за него и за двајца негови соработници.

https://p.dw.com/p/Ae0l
Побарана смртна казна за диктаторот
Побарана смртна казна за диктаторотФотографија: AP

Единственото изненадување на што дојде од обвинтелот е што не побара смртна казна за сите обвинети, туку само за тројца: за Садам, за неговиот полубрат и тогашен шеф на тајната служба и за поранешниот потпретседател на Ирак. Обвинителот Ал Мусави со образложение:

„Обвинетите Садам Хусеин, Барзан Ибрахим и Таха Јасин Рамадан се директно одговорни за злосторството против народот во Дуџаил. Тие треба да ја добијат највисоката казна според законот. Тоа е казната што ја бараме за овие обвинети„.

Параграфот од законот на кој се повикува Ал Мусави гласи „Злостортсво против човештвото„ и се однесува на 140-те убиени во Дуџаил во 1982 година, место во кој беше извршен неуспешен атентат врз Садам Хусеин. Обвинителот Ал Мусави:

„Обвинителниот комитет бара најстрога казна против овие обвинети кои ширеа несреќа низ целата земја и немаа милост ниту кон стари луѓе, ниту кон деца„.

По три недели на процесот со пледојае ќе настапи одбраната која, како што се претпоставува, исто како и нејзините манданти, ќе пледира на невиност. Ако судот го прифати барањето на обвинителот, тоа се уште не значи и веднаш да биде извршено бесењето, зашто тие ќе имаат право на жалба.