1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Побарани шест години затвор за Навални

ЕМФ/бета5 јули 2013

Обвинителството во Русија бара шест години затвор за Алексеј Навални, водечки опозиционер и критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кому му се суди по обвинение за проневера на пари.

https://p.dw.com/p/192Z8
Фотографија: Reuters

„Шест години затвор и казна од милион рубљи (23.000 евра)“, напиша Алексеј Навални на својот профил на Твитер за време на излагањето на обвинителот во судот во Киров, на 900 километри источно од Москва.

Триесет и седумгодишниот Навални ги отфрла наводите од обвинението, според кое проневерил 16 милиони рубљи (околу 400.000 евра) во една државна дрвопреработувачка фирма додека работел како советник на гувернерот во 2009 година.

Навални се бореше против корупцијата и ги инспирираше масовните протести против Кремљ во декември 2011 година. Тој неодамна изјави дека би сакал да се кандидира за претседател на земјата, а сега учествува во кампањата за градоначалник на Москва, кој ќе се избира во септември.

Според Навални, обвиненијата се одмазда за неговото откривање на корупцијата на високо ниво и намера на властите е тој да биде тргнат од политичката сцена.