1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа и порази на Мурси

ЖА/дв/дпа/афп26 декември 2012

Египетскиот устав е усвоен, но САД и ЕУ остануваат воздржани и инсистираат на подемократски правила. Уште еден советник на египетскиот претседател Мохамед Мурси му го сврте грбот.

https://p.dw.com/p/1791V
Фотографија: AP

„Иднината на египетската демократија зависи од широк консензус околу новите демократски правила и институции“, изјави портпаролот на американското министерство за надворешни работи Патрик Вентрел во Вашингтон.

„На Египет му е потребна силна влада која ќе се справи со бројните предизвици“, истакнува американскиот портпарол, укажувајќи дека многумина Египќани се длабоко загрижени поради содржината на уставот.

Претходно во Каиро беше соопштен официјалниот резултат од референдумот за уставот, според кој тој е прифатен со 64 проценти од гласовите, при излезност од само 33 насто.

Слично воздржано како Вашингтон реагира и Брисел. Високата претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон изјави дека Мурси мора да ја воспостави повторно довербата во демократијата. Таа ги повика сите партии да учествуваат во дијалогот, а ЕУ го поддржува Египет на патот кон демократија.

Египетската опозиција стравува дека со новиот устав на земјата и‘ се дава силен исламистички печат. Но, незадоволство очигледно постои и во таборот на самиот Мурси. Министерот за комуникации Хани Махмуд поднесол оставка. Поради судирот на Мурси со судството во земјата, грбот му го свртеа досега седум од неговите 17 советници, многумина тврдат дека не биле консултирани за неговите спорни одлуки.