1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

130609 wahl iran

13 јуни 2009

Резултатите се спротивни на сите очекувања и проценки пред и за време на изборите - Махмуд Ахмадинеџад е повторно избран за претседател на Иран. Според изборната комисија, Ахмадинеџад добил 62,6% гласови.

https://p.dw.com/p/I8gX
Махмуд Ахмадинеџад е победникФотографија: AP

Славјето на приврзаниците на Ахмадинеџад е огромно. Зашто, решението очигледно - падна. Приврзаниците на неговиот предизвикувач Мир Хосеин Мусави, се без зборови. Тие се надеваа на промени и на трка, во најмала рака - рамо до рамо.

„Мислев дека 80 до 90% од граѓаните на Техеран се за Мусави, но резултатот ме шокираше. Едноставно не можам да верувам“, вели еден, а друг додава: „Бев сосема изненаден кога ги слушнав резултатите. Во последните два месеци, луѓето во најголемиот дел градови каде што патував се изјаснуваа за Мусави.“

Iran Wahlen 2009
Мир Хосеин Мусави освои 33,7% гласови и обвинува дека изборите се фарсаФотографија: DW

Мусави: Опасна фарса

Непосредно по затворањето на избирачките места, вчеравечер, за победник прво се прогласи реформаторот Мусави. Тој истовремено упати тешки обвинувања: „Нашите набљудувачи на изборите беа попречувани во нивната работа, имаше напади врз нашите канцеларии и имаше недоволен број гласачки ливчиња.“

Мусави најави дека нема да се поклони пред опасната фарса што се случува. Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на изјави на очевидци јави дека по соопштувањето на резултатите, на улиците на Техеран дошло до судири меѓу приврзаниците на Ахмадинеџад и на Мусави.

Автор: Михаела Хунгер/дв/Елизабета Милошевска Фиданоска