1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на Буш

4 ноември 2004

Во 11 часот по локално време, скоро 18 часа по затворањето на првите избирачки места се случи: Џон Кери му телефонира на претседателот Џорџ Буш во Белата куќа и го призна поразот. Повторно избраниот претседател пред одушевените приврзеници во Вашингтон:

https://p.dw.com/p/AcK8
Буш го прифати повторниот избор
Буш го прифати повторниот изборФотографија: AP

"Пред малку ми телефонираше сенаторот Кери да ми честита. Беше тоа добар разговор. Тој водеше ангажирана кампања и неговите избирачи можат да бидат горди“.

Решението падна по долгата изборна ноќ во клучната држава Охајо. Претседателот Буш таму има околу 140 илјади гласови повеќе од Кери. Таборот на Кери процени дека тоа е недостижно. Победениот Кери пред своите приоврзеници во Бостон:

“Јасно дека дури и кога ќе се избројат провизорните гласови што допрва треба да се случи, нема да има доволно гласови за да се победи во Охајо“.

Кери апелираше до звоите приврзеници да не се обесхрабрат и побара од претседателот Буш да се заврти кон единството на земајата. Буш одговори со овие зборови:

“Нов мандат е нова шанса за земја што има устав и иднина што не обединуваат. Ако соработуваме за големината на Америка нема недостижна граница“.

Буш вети да ги продолжи американските напори за изградба на демократија во Ирак и Авганистан. Заедно со сојузниците САД решително ќе ја продолжат битката против тероризмот:

“Со добри сојузници на нашата страна ќе ја водиме битката против тероризмот со сите средства што ни стојат на располагање за нашите деца да можат да живеат во слобода и мир“.

Претседателот Буш во наредните години може да смета и на засилена поддршка од неговата партија во Конгресот, зашто републиканците и во Конгресот и во сенатот го зголемија мнозинството.