1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на Германија, пораз на Македонија и неколку изненадувања

6 декември 2005

Во рускиот град Санк Петресбург почна светското првенство во ракомет за жени

https://p.dw.com/p/Aejs
Градот-домаќин Санкт Петерсбург
Градот-домаќин Санкт ПетерсбургФотографија: dpa - Bildarchiv

Сигурен старт на германските ракометарки - тие ја совладаа селекција на Полска со 33 спрема 21. Нареден противник на Германија е Австрија, која вчера ја победи екипата на Брегот на слоновата коска со 32 спрема 21.

Селекцијата на Македонија му даде силен отпор на светскиот првак Франција, дури беше и на прагот на сензација. Во првото полувреме претставничките на Македонија остварија водство со 4 голови разлика – 13 спрема 9, но не издржаа во вториот дел и на крајот беа поразени со 25 спрема 22. Македонија денска игра против Украина, која во првиот настап го совлада тимот на Камерун со 34 спрема 23.

Изненадување приреди Словенија, деветтопласирана од Европското првенство, со победата против олимпискиот вицешампион Јужна Кореја со 42 спрема 35. За изненадување се погрижија и Холанѓанките, кои ја совладаа Хрватска со 29 спрема 27. Олимпискиот победник Данска имаше многу мака со Бразил, кој го заврши првиот дел со еден гол предност, но потоа работите си дојдоа на свое место и данските ракометарки на крајот славеа победа со 31 спрема 22.

Најубедливи на стартот беа Унгарките, кои ја совладаа Австралија со 57 спрема 9. Домаќинот Русија на уверлив начин ги потврди високите амбициите на ова првенство совладувајќи ја селекцијата на Уругвај со 43 спрема 16.