1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на опозицијата во Полска

22 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BtdM

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо му честита на водачот на опозицијата во Полска Доналд Туск на победата на предвремените парламентарни избори во земјата. Опозиционата Граѓанска платформа, според досегашните резултати, е во водство со 44 проценти од гласовите. Партијата Право и правда на национал- конзервативниот премиер Јарослав Качински освои 31 процент од гласовите. Качински го призна поразот и му честиташе на Доналд Туск. Тој пак најави нов политички почеток, во што спаѓа и планот за повлекување на полските војници од Ирак на почетокот на наредната година.